Македонија

Лице од Зајас ќе одговара за предизвикување пожар

МВР соопшти дека поднело соодветен поднесок против Р.З. (67) од село Зајас, осомничен за предизвикување пожар во месноста Думовско Маало во селото.

Во соопштението се посочува дека денеска во 10:50 часот во полициското одделение Зајас било пријавено оти во село Зајас, во месноста Думовско Маало избувнал пожар, при што била зафатена сува трева и бандера сопственост на ЕВН.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Кичево. По преземени соодветни мерки и активности, во ПО Зајас е обезбеден Р.З. и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Редовна прес-конференција на портпаролите на Владата, Бошњаковски и Хоџа

saso user

Дескоска: Ако немаме 80 пратеници за закон за обвинителство ќе го менуваме Законот за совет на обвинители

saso user

Мицкоски ќе ја промовира Силјаноска во Брисел

saso user