Свет

Коснет: САД ќе се вклучат во решавање на прашањето на исчезнатите на Koсово

Американскиот амбасадор во Косово, Филип Коснет, денеска изјави дека неговата земја ќе се вклучи во решавање на проблемот на исчезнатите лица на Косово.
Клан Косова наведува дека Коснет денска го посетил меморијалниот комплекс во Велика Круша кај Ораховац.

-Знам дека сте слушнале многу ветувања, па затоа не сакам да ги давам, но САД ќе се вклучат, во соработка со Србија, во решавање на прашањето на исчезнатите, рече Коснет, пренесен од Косово-онлајн.

Американскиот амбасадор наведе, исто така, дека претставниците на Велика Круша му кажале за наводно исчезнување на 64 лица од тој крај во текот на судирот на Косово во 1999 година.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Строги забрани за носење нож на јавни места во Германија

saso user

Кинезите најголеми љубители на свинско и сланина: Одгледуваат свињи од по половина тон

saso user

Гинис: Јапонка од 116 години најстара во светот

saso user