Свет

Исламисти соборија авион на сириската Влада и го заробија пилотот

Џихадисти соборија авион на сириската Влада и го заробија пилотот, што е прв таков случај по ескалацијата на судирите во последните месеци на северозападот на Сирија, соопшти невладиниот Центар за мониторинг на човековите права во таа земја.

Авионот -ловецот Сухој ја надлетувал областа источно од Хан Шејхун, клучен град на југот на Идлиб, изјави директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман.

Припадниците на групата Тахрир ал-Шам го заробиле пилотoт, откако тој се катапултирал.

Рахман, исто така, рече дека тоа е првиот соборен сириски авион откако во април, сириските владини сили и нивните руски сојузници речиси секојдневно вршеја бомбардирање на покраината Идлиб и делови од соседните Алепо, Хама и Латакија.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Загинаа најмалку 83 лица при потонувањето на траектот во Ирак

saso user

ЕУ на мака да избере лидер, нов самит на 30 јуни

saso user

Корона ги гаси светлата и во градот што никогаш не спие

saso user