Сцена

Восочната Меган одвоена од Хари

Восочната фигура на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, привремено е одвоена од фигирата на нејзиниот сопруг принцот Хари.

Фигурите прво биле поставени една до друга, но сега фигурата на Меган е преместена во близина на нејзините познати пријатели Том Харди, Бекамови и Пријанка Чопра.

– Ние во музејот сакаме да го покажеме нејзиниот независен статус. Таа нема да остане таму засекогаш, не ја раздвојуваме нашата љубовна двојка. Само ѝ овозможивме на Меган да се дружи со своите познати пријатели некое време – рече Стив Дејвис, генерален директор на музејот „Мадам Тисо“ во Лондон.

Во меѓувреме фигурата на Хари му се придружи на кралското семејство.

ФОТО: EPA / FACUNDO ARRIZABALAGA

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

„Озборувачката“ се враќа на малите екрани!

saso user

Брајан Адамс за првпат во Македонија на 13 ноември

saso user

Почина режисерот Франко Зефирели

saso user