Свет

Бура евакуираше 300 илјади луѓе во Јапонија

Јапонските власти побараа 310.000 луѓе да се евакуираат од своите домови на островот Шикоку, најмалиот од четирите главни јапонски острови, а околу 350 летови се откажани поради тропското невреме Кроса, кое се приближува до архипелагот.

Тропско невреме придружено со налети на ветер од 108 километри на час, се движи од север кон југозападна Јапонија.

Јапонската Метеоролошка служба објави дека се очекува Кроса да стигне до копното во раните утрински часови.

Во текот на следните 24 часа, метеоролозите најавуваат голема количина дожд на островот Шикоку.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Леб и кифла во фурна во Солун може да платите со биткоин

saso user

Трамп им плати ручек само на лидерите кои даваат два отсто за одбраната

saso user

Суспендирани сите летови на Боинг 737 Макс во Европа

saso user