Број на текстови објавени денес: 60
Бизнис

Бугарите доаѓаат на скара од свинско во делчевските ресторани

Бугарските потрошувачи се помалку купуваат свинско месо од делчевските месарници поради неможноста да го внесат во нивната земја. Контролата на граничниот премин е зајакната, а утрово поради прцедурите, имало задржувања и до 1,5 час.

– Порано, пред да се појави свинската чума, најредовните муштерии ни беа од Бугарија. Самите велат дека на граница имаат проблеми за внес и затоа овде почесто го консумираат месото одошто го купуваат – вели Страшо Ангеловски,месар од Делчево.

Зголемените контроли за внес на свинско месо на граничниот премин „Станке Лисичково” го забавија сообраќајот на граничниот премин кај Делчево.

– Во Бугарија има епидемија на свинска чума и затоа лицата задолжени за преглед не прашуваа дали внесуваме месо. Поради присуството на товарни возила постапката траеше подолго и задржувањето како што ни објаснија бугарските граничари трае подолго од вообичаената постапка – рече еден од возачите.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Растат пензиите, минималната за 36 денари, а просечната за 63 денари

saso user

Балканците најбарани работници во Германија

saso user

Сите одлуки на владината 141 седница

saso user