Балкан

Амбасадорот Скот ги повика Белград и Приштина да стават точка на судирите од 90-ите

Американскиот амбасадор во Србија, Кајл Скот, денеска порача дека „ дојде време да се стави точка на судирите од 90-тите“ и ги повика властите во Белград и Приштина што побрзо да се вратат на дијалогот со посредство на ЕУ, пренесе Фена.

„Дојде време да се стави точка на судирите од деведесетите. Ги повикувам Белград и Србија што е можно поскоро да го обноват дијалогот под патронат на ЕУ и да се воздржат од преземање чекори кои оневозможуваат постигнување договор“, напиша Скот на својот Твитер.

Покрај оваа порака американскиот амбасадор објави и фуснота на текстот од вчерашната заедничка изјава со која пет земји членки на НАТО ги повикаа Србија и Косово да ги деблокираат преговорите за нормализација на односите и да дојдат до обврзувачки документ во интерес на регионалната стабилност.

САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија од Приштина бараат да ги укине царинските такси за стоките од Србија, а од Белград да ја прекине кампањата со која од други земји бараат повлекување на признавањето на независноста на Косово, пренесе Хина.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Од Солун до Атина со експресен воз за 4 часа

saso user

Вучиќ до Заев: Горд сум што сум Србин, поздрав друже…

saso user

Обновени летовите од истанбулскиот аеродром „Сабиха Ѓокчен“

saso user