Број на текстови објавени денес: 60
Балкан

Силно невреме во Сараево, авионите пренасочени кон Белград и Загреб

Силното невреме во Сараево и намалената видливост предизвика проблеми во доцните попладневни часови и протокот на воздушниот сообраќај.

Два авиони не успеаја да слетаат и беа пренасочени кон аеродромите во Белград и Загреб, пренесува порталот Кликс.

Авион на компанијата „ФлајДубаи“, кој леташе од Дубаи кон Сараево требаше да слета на аеродромот во Сараево во 5.55 часот. Тој кружеше околу половина час, но не
успеа да слета и полета за Белград.

Авионот „Јуровингс“ од Штутгарт, кој требаше да пристигне во 17.10 часот, беше пренасочен кон Загреб, по 10-минутно кружење над сараевскиот аеродром.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во Драч на гласање со калашников ВИДЕО

saso user

Цакај: Обединување на Албанија и Косово не е на новната официјална агенда

saso user

Расправата во грчкиот Парламент за доверба на новата влада продолжува денеска

saso user