Број на текстови објавени денес: 60
Свет

САД веруваат дека Русите тестирале хиперсонична крстосувачка ракета

САД веруваат дека неодамнешната експлозија во Русија, во која загинаа петмина научници, била поврзана со програмата за хиперсонична крстосувачка ракета, изјави денеска висок функционер во администрацијата на Доналд Трамп.

Руската нуклеарна агенција „Росатом“ претходно соопшти дека несреќата се случила за време на ракетен тест на платформа на море, кога се запалило ракетно гориво, предизвикувајќи експлозија.

Американскиот функционер, кој побарал да остане анонимен, рече дека Вашингтон не е подготвен во моментов да каже дали станува збор за нуклеарна експлозија, но дека верува оти биле вклучени радиоактивни елементи.

Експлозијата, тврди тој, би можела да биде потенцијално значаен чекор наназад за руската програма, иако е нејасно дали е предизвикана од неуспешното лансирање, пренесува Танјуг.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Трамп за Мекејб и Розенстин: Најверојатно планирале многу илегално дело

saso user

Петмина повредени во Барселона при судир на полицијата и демонстрантите

saso user

Индија купува околу 1.000 руски ракети

saso user