Број на текстови објавени денес: 60
Спорт

Роналдо: Не ми требаат уште пари, сакам да го внесам моето име во историјата на фудбалот

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо изјави дека е мотивиран да освои нови награди. Португалецот е петкратен освојувач на „Златната топка“ и нема намера да застане на оваа награда.

– Јас секогаш се стремам да победам, пред сè, кога се ова се однесува на тимските трофеи. Впрочем, тие индиректно носат поединечни награди. Секој ден се будите со цел да постигнете нешто, а не само да заработувате пари. Фала му на Бога, не ми требаат уште пари. Сакам да внесам моето име во историјата на фудбалот и да продолжам да победувам сè повеќе – изјави Роналдо.

Португалецот ќе се обиде во претстојната сезона да го однесе Јувентус на врвот во Лигата на шампионите и на тој начин да дојде до нови индивидуални признанија.

ФОТО: EPA / KIKO HUESCA

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ПСЖ на Алегри му нуди годишна плата од 15 милиони евра

saso user

Фановите на Барса не го сакаат Гризман

saso user

Паднал ќотек помеѓу Левандовски и Коман на тренинг

saso user