Број на текстови објавени денес: 60
Сцена

Подгответе се за врескање, објавен постерот за деветтата сезона на „American horror story“ (ФОТО)

Премиерата на „American Horror Story: 1984“ е на 18 септември, а новиот постер е главна тема на фановите на социјалните мрежи.

Новата сезона на оваа популарна серија се случува во 1984 година во еден камп каде кампери и вработени ќе преживуваат пекол. Фановите веќе се обидуваат да погодат кој ќе биде виновен за теророт, некој демон? Или вонземјан? Со новите видеа кои ги објави ФХ за деветтата сезона на оваа серија (кои за жал, македонските фанови не можат да ги погледнат на нивниот официјален канал на Јутјуб), може да се заклучи дека овој камп дефинитивно не е сигурно место за посетување, пренесува „Е! Online“.

Главните улоги ги имаат Ема Робертс и Гас Кенворти. Во февруари, Марфи соопшти дека Кенворти ќе го игра момчето на ликот на Робертс.

Покрај нив, во серијата ќе играат и Анџелика Рос, Били Лоурд, Коди Ферн, Лесли Гроусмен, Метју Морисон, ДеРон Хортон, Зак Вила и Џон Керол Линч.

ФОТО 1:  EPA / NINA PROMMER

ФОТО 2: ФХ / Е! Online

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Новиот спот на Џонас Брадрс веќе има над два милиони прегледи (ВИДЕО)

saso user

На Евровизија, Тамара ќе ја придружуваат Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев

saso user

Шерон Стоун позира гола за „Вог“ на 61 година ФОТО

saso user