Број на текстови објавени денес: 60
Балкан

Пламени јазици и на Тасос, четири активни пожари во Грција

Пожар избувна денеска и на грчкиот остров Тасос, еден од најпосетуваните за летните одмори, објави Катимерини. Пожарот е регистриран во реонот на Парадисос во југозападниот дел од островот.

Испратени се 56 пожарникари со 25 противпожарни возила. Поддршка имаат од два авиона и еден хеликоптер, нагласува весникот на својата веб страница.

Засега ниту едно населено место не е погодено од пожарот.

Во Грција активни во моментот се четири пожари вклучително на островот Евија, во реонот на Ахаја и еден во близина на градот Тива. Пожарот што е активен во близина на грчкиот главен град од неделата е делумно локализиран, соопштија властите.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Љајиќ: Српски стоки стигнуваат во Косово по „алтернативни патишта“

saso user

Лидерите на СзС Ѓилас, Луковац и Стефановиќ за „македонското сценарио“ на Вучиќ

saso user

Колинда: Не кажав дека БиХ е нестабилна и исламистичка

saso user