Сцена

Петиција против Брена во Врање: „Условите во болница се на минимално ниво, неа може да ја слушаме и на радио“

Лепа Брена не е посакувана на културната манифестација Денови на Врање, која се одржува од 22 до 25 август, бидејќи поединци сметаат дека е прескапа.

Затоа и била покрената петиција да се спречи нејзиниот настап и парите за него да се вложат во болници и училишта, па дури и тоалети.

Пред неколку дена на официјалниот сајт за потпишување петиции имало ново барање да се стопира настапот на пејачката во Врање, закажан за 23 август. Незадоволните граѓани сметале дека организаторот на манифестацијата – Туристичката организација на Врање и покровителот Град Врање ги фрлаат парите на непотребни работи.

На петицијата имало околу педесетина потписи.

– Додека тоалетите во училиште и болница се хаос, условите во болница на минимално ниво, Лепа Брена може да ја слушаме и на радио – пишувало во барањето од анонимниот автор.

Секој што се потпишува може да напише и свое мислење на темата. Па, многумина тоа и го сториле.

– Се сложувам. Лепа Брена е нешто што послено му треба на градот. Потребни се подобри услови за живот, подобри услови во секоја смисла. Дали народот кој јаде паштета секој ден и работи за помалку од 20.000 динари месечна плата треба да оде и да се весели на нејзиниот концерт? – напишал еден од нив.

Покрај Брена, треба да настапат и Мерима Његомир и Гоца Лазаревиќ. Но, тие не биле спомнати во петицијата.

Како што пишувале медиумите во Врање, оваа манифестација била дури и поместена само поради газдарицата на „Гранд“.

Курир.рс“ контактирале со тимот на Брена, но оттаму одговорт бил оти пејачката никогаш не коментирала такви работи.

Претходно и во Чачак за дочек на Новата 2017 година, штом било објавено дека ќе настапи Брена, граѓани излегле со петиција да се откаже тоа и парите да се употребат за болни и сиромашни деца.

Групата Рибја чорба доживеала слична ситуација, кога поединци од Крушевац поднеле петиција да се спречи концертот за дочек на 2017 година. Се барало парите наместо кај групата, да одат за децата од одделението на Општата болница во градот. Сепак, според зборовите на градоначалникот, донаторите одлучиле финансиите да одат кај музичката група.

Инаку, настапот на групата чинела нешто повеќе од два милиони динари.

ФОТО: Инстаграм

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Хали Бери ја покажа новата тетоважа на грбот ФОТО

saso user

Рики Мартин и неговиот сопруг добија четврто дете ФОТО

saso user

Даниел Крег побогат од Џејмс Бонд: Колку пари заработи од славната улога?

saso user