Број на текстови објавени денес: 60
Македонија

МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕДИУМИ бара Премиерот Зоран Заев да се извини

Премиерот Зоран Заев коментирајќи ја аферата „Рекет“ рече дека нема да дозволи некој да го инволвира него, ниту пак, како што рече „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја срушат Владата.

Македонската асоцијација на новинари (МАН) смета дека оваа изјава преставува директна закана кон медиумите и новинарите и формите на слободно изразување.

– Премиерот директно го прекршува Член 3 од Законот за медиуми и Уставот со кој се гарантира слободата на медиумите и што таа опфаќа.

Со овие закани, се врши директен политички притисок, исто како што се вршеше јавен и политички притисок да се обезбедат 100.000 евра пари на граѓаните за платена политичка кампања на СДСМ за 1ТВ за претседателските избори, соопштија вечерва  од МАН.

Македонската асоцијација на новинари (МАН) бара од премиерот Зоран Заев да престане со закани и да се извини за дадената изјава.

МАН потсетува на Декларацијата за слобода на политичка дебата во медиумите на Советот на Европа наведено е: „Јавните функционери мора да прифатат дека тие ќе бидат предмет на јавен надзор и критики, посебно по пат на медиумите во поглед на начинот на кој ги извршувале или ги извршуваат своите функции во онаа мера во која тоа е неопходно поради обезбедување транспарентност и одговорно извршување на функцијата“.

Правниот тим на МАН им стои на располагање на сите новинари кои се предмет на закани и притисоци.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

На Табановце и Богородица се чека речиси по еден час

saso user

(ГАЛЕРИЈА) МИЛИОНСКАТА ХАЦИЕНДА -ДИВОГРАДБА НА МИТРЕ МИЛОШЕВСКИ КОЈ САКА ДА ПОСТАНЕ ГРАДОНАЧАЛНИК?!

saso user

И пациентите со ретки болести ќе трчаат на Скопскиот маратон

saso user