Број на текстови објавени денес: 60
Балкан

Како треба да се избере функционален Уставен суд, видео од Амбасадата на САД во Тирана

Амбасадата на САД во Тирана денеска објави уште едно анимирано едукативно видео, објаснувајќи им на граѓаните како се врши избор на судии за Уставниот суд и како функционира институцијата.

Видеото е објавено на официјалниот профил на Фејсбук на Американската амбасада.

– Во претходното видео, дознавте за процесот ветинг. Сега ќе зборуваме за Уставниот суд. Погледнете го ова видео за да откриете како може Албанија да има функционален Уставен суд, со квалификувани, непристрасни и аполитични судии – се наведува во видеото.

Во видеото се објаснува дека членовите на Уставниот суд ќе бидат избрани со политички компромис, но дека потоа нема да имаат никаква врска со политиката и политичарите.

Потсетувајќи на проблемот со овој суд, Амбасадата забележува дека „често Парламентот и претседателот не можеле да се согласат со одреден судија и тоа предизвикувало празни места долго време“.

Новиот Уставен суд треба да донесе одлуки за сите донесени одлуки или закони, па дури и претседателски уредби, појаснуваат од Амбасадата на САД.

Поради непоминување на процесот на проверка на потеклото на имотот или познат како ветинг Уставниот суд на Албанија не функционира околу две години. Од девет членови,колку што брои судот осум не го поминаа ветингот, додека деветтиот судија е со изминат мандат.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Дачиќ: Ви честитам, имавте спор со Скопје за името, не за територија што е многу полесно

saso user

Бура, град, снег и молњи во Хрватска ВИДЕО

saso user

Хит на Фејсбук во БиХ: Имам 70 години, куќа, стан, викендичка и добра пензија, а барам жена

saso user