Свет

Иран ја пречекори границата за збогатување ураниум

Иран збогати 370 килограми ураниум на ниво од 4,5 отсто, што претставува кршење на ограничувањата од нуклеарниот договор од 2015 година, склучен со светските сили, изјави портпаролот на иранската нуклеарна агенција Бехроз Камалванди.

Според нуклеарниот договор од 2015 година, на Иран му е дозволено да збогати 300 килограми ураниум, максимум до 3,67 отсто.

Во последните месеци Иран јасно стави до знаење дека ќе се повлече од некои обврски, откако САД се повлекоа од Договорот минатата година и воведоа санкции против Техеран.

Европските држави, кои се против американското повлекување, се обидуваат да го убедат Иран да го почитува договорот. Но Техеран истакна дека со третата фаза од повлекувањето ќе почне во септември и ќе збогатува ураниум на 20 отсто.

Со договорот од 2015 година се настојува да се спречи високо ниво на збогатување ураниум, бидејќи тоа може многу брзо да доведе до развој на нуклеарно оружје.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Саграда Фамилија се градела на диво, по 137 години доби дозвола

saso user

Тутунски производи „на црно“ купуваат 600.000 луѓе од поранешна Југославија, криумчарите годишно ќарат 200 милиони евра

saso user

Свештеник протеран од службата затоа што неговата сопруга победила на Мис на сексуалност ВИДЕО

saso user