Бизнис

Земјоделците подигнале 78 картички за „зелена нафта“ во Дебар

Вкупно 78 земјоделци од дебарско до денеска подигнале картички за „зелена нафта“, информираат од Подрачна единица на Министерство за земјоделство во Дебар и Центар Жупа.

Вредноста на подигнатите картички е 250.000 денари.

– Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за земјодлците од нашиот регион добивме 250 картички. Досега се подигнати 78. Сметаме дека поради многу восоките дневни температури земјоделците не се дојдени кај нас да ги подигнат картичките. До крајот на неделава ќе почекаме, а потоа ќе ги посетиме земјоделците во нивните домови за да им ги предадеме картичките – изјави за МИА раководителот на Подрачната единица, Арбен Муладаути.

Според него, картички има за сите кои обработуваат земјоделски површини и имаат поднесено (и исплатено) барање за субвенции за 2018 година. Пресметката за одобрен износ е извршена врз основа на барањата од 2018 година.

Со средствата што ги имаат на картичките, земјоделците ќе можат да полнат исклучиво еуродизел гориво за земјоделска механизација.

– Земјоделцте се многу задоволни од оваа мерка, зашто со неа директно се намалуваат трошоците кои ги имаат при обработката и одгледувањето на културите – вели Муладаути.

Преземањето на оваа содржина или на делов
Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Иселувањето не е поради прогресивниот данок

saso user

На Димковски не му треба рок за средби со земјоделците, тој е во постојан контакт со нив

saso user

Хотелите во Охрид пребукирани за Нова Година

saso user