Свет

Зголемено нивото на радијација во руски Северодвинск, наредена евакуација

Зголемено е ниво на радијација во рускиот град Северодвинск откако на 8 август во блиската воена база се случи несреќа во текот на тестирањето на ракета. Властите тврдат дека зрачењето е поголемо за четири до 16 пати, додека од Гринпис наведуваат дека радијацијата е за 20 пати поголема од нормалната.
Руското Министерство за одбрана првично соопшти дека зрачењето по несреќата останало на нормалното ниво и дека нема опасност за населението, но градските власти на Северодвинск сега соопштуваат за забележан краткотраен раст на нивото на радијација, пренесуваат британските медиуми.

На жителите на Ниенокс им е препорачано заради можноста опасност од радијација да ги напуштат своите домови сѐ додека траат работите на местото на несреќата. Истовремено, лекарите и медицинскиот персонал кој им помагаше на повредените по несреќата биле испратени во Москва на дополнителни медицински испитувања.

Гринпис тврди дека нивото на зрачење е за 20 пати поголемо, додека руската метеоролошка агенција Роскидромет соопшти дека е забележан раст од четири до 16 пати.

Русија дури во саботата призна дека експлозијата во базата за лансирање проектили била од нуклеарен карактер и дека притоа загинала најмалку пет лица.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

КОНТРА СЕРИЈА Руско сценарио – ЦИА била вмешана во катастрофата на Чернобил!

saso user

Сега е шанса Асанж да го исчисти своето име, смета уредникот на Викиликс

saso user

Почина грчкиот фотограф Јанис Бехракис, добитник на Пулицеровата награда

saso user