Македонија Топ вести

Героски го прозва Заев , изјавата на Заев е шокантна, дискриминирачка и заканувачка

Шокантна, дискриминирачка и заканувачка – вака новинарот Бранко Героски ја оцени најновата изјава на премиерот Зоран Заев, во која тој рече дека нема да дозволи „група криминалци, еден суетен новинар и еден педер“, да ја урнат власта.

Го пренесуваме во целост постот на Героски на Фејсбук, кој е реакција на изјавата на Заев:

Шокиран сум од изјавата на премиерот Зоран Заев. Особено што тој со половина од “криминалците” што ги спомнува бил во директна или посредна комуникација. “Педерот” што го спомнува го крунисаа тој и неговите министри и градоначалници. Дали кога вели “еден суетен новинар” мисли на мене? Ако мисли, нека собере храброст тоа јавно да го каже. И прашувам јавно – дали тоа Зоран Заев мене ми се заканува? Како и да е, барам премиерот Зоран Заев веднаш јавно да се извини за оваа срамна, крајно безобразна и дискриминирачка изјава, од која извираат нетрпеливост, закани и говор на омраза. Очекувам јавноста, институциите што се овластени да ги штитат граѓаните од дискриминација, новинарските здруженија и претставниците на меѓународната заедница да ја осудат оваа скандалозна изјава на премиерот Заев.

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Се чека конечната одлука за покачувањето на платите на просветарите

saso user

Со 60 евра од џебот на граѓаните „Северна“ ќе влезе во личните документи

saso user

Обвинителство го искара Пендаровски: Требаше да ги повикате пратениците да го изгласаат Законот

saso user