Бизнис

Вонреден лов на диви свињи за да се спасат питомите од африканска чума

За да се спречи појавата на африканска чума, почна вонредниот отстрел на дивите свињи за кој и официјално беше донесено Решение на први август годинава од страна на Министерството за земјоделство.

Отстрелот, како што информира денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов, почна во некои од ловиштата, а по топлотниот бран што ја зафати земјава, ќе продолжи и во останатите.

Ловџиите, пак, укажаа на лошата финансиска состојба на концесионерите на ловиштата и побараа дополнителни средства од државата за реализирање на отстрелот, вклучувајќи ги сите биосигурносни мерки кои, рекоа, ќе значат трошоци плус. Најавија и дека од МЗШВ ќе побараат да бидат иземени од забраната за движење во шума за да можат да се вклучат во акцијата за вонреден отстрел на диви свињи.

-Со оваа превентивна мерка ќе се намали популацијата на диви свињи кои лесно може да ја пренесат болеста и во нашата земја. Според податоците, бројот на диви свињи во земјава е трипати поголем отколку што треба, рече Атанасов.

Од заловените диви свињи, повтори, ќе се земаат мостри, а ако се утврди присуство на африканска чума, тие веднаш ќе бидат нештетно уништени.

– Пред влегување на ловците во ловиштата, ќе треба да се изврши дезинфекција, а застреланите диви свињи треба да бидат донесени на одредени локации каде ќе се зема мостра за анализа. Ако ловците најдат мрша, ќе треба да се ископаат дупка и таму да ја закопаат. По овој принцип треба да се однесуваат и странските ловци кои ќе престојуваат во ловиштата во земјава – објасни директорот.

Поради опасноста од ширење на болеста, Анастасов апелира малите одгледувачи ако имаат можност да ги заколат свињите во кланиците, а месото да го стават во фрижидер или да ги дадат свињите во месната индустрија.

– Што со месото од отстреланата дива свиња на плус 40 степени? Концесионерите на ловиштата се во лоша финансиска состојба и за спроведување на овие мерки ќе бидат изложени на дополнителни тршоци. Затоа од државата ќе бараме дополнителни средства за спроведување на овие мерки – рече претседателот на Ловечката федерација, Влатко Алексовски.

Тој појасни дека освен во нивните, биосигурносните мерки ќе се спроведуваат и во заградените ловишта во земјава. Работата е многу сериозна, оцени, и треба брзо, превентивно да се дејствува на терен. Сите засегнати страни треба да направат заеднички напори и да ги преземат сите мерки за да се спречи појавата на болеста.

Африканска чума најблиску има во Бугарија, а од вчера и во Србија.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Кравар со калифорниски црви може да заработи повеќе отколку од млеко и телиња

saso user

Просечната плата во мај 25.270 денари

saso user

Административците во Црна Гора се натпреваруваат за отпремнина

saso user