Број на текстови објавени денес: 60
Македонија Топ вести

Боки 13 и Кичеец добија нови 30 дена притвор

Обвинителството побара, а судот донесе решение и го прифати барањето за нови 30 дена притвор за Бојан Јовановски Боки 13 и Зоран Милески Кичеец кои се осомничени во случајот „Рекет“.

Тие се товарат за примање награда за противзаконито влијание, а Боки и за перење пари. Истрагата за случајот е во тек и се очекува дали ќе има нејзино проширување. Денеска повеќе од 5 часа се сослушуваше обвинителката од СЈО Лиле Стефанова, која за медиумите не сакаше да даде детали. Рече дека останува на писмената изјава од петокот. Вчера исказ даде нејзината колешка и заменичка на Катица Јанева, Елизабета Јосифоска. На распит треба да се појави и Јанева, но таа наводно сѐ уште не примила официјална покана.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Зеќири: Го спасија за да ги спаси

saso user

Промоција на Извештајот за имплементација на Законот за спречување и заштита од дискриминација (2011-2018)

saso user

Прв прес на ЦИВИЛ: Мирен почеток на изборниот ден, нотирани помали нерегуларности

saso user