Број на текстови објавени денес: 60
Сцена

Ограбената Џиџи Хадид: Не го препорачувам Миконос, потрошете ги парите на друго место

Супермоделот Џиџи Хадид се заколна дека никогаш повеќе нема да се врати на грчкиот остров Миконос откако таа и нејзината сестра беа ограбени додека биле излезени.

„Не му дозволувајте на Инстаграм да ве излаже. Нè ограбија. Никогаш не се враќаме. Не го препорачувам. Потрошете ги парите на некое друго место“, напиша Џиџи на Инстаграм.

Бела и Џиџи биле многу потресени откако сфатиле дека се ограбени во луксузната вила која ја изнајмиле за одмор. Им биле одземени накит, облека, чанти и очила.

– Џиџи ми се јави на аеродромот кога полетуваше. Беше трауматизирана. Биле излезени и со нив било нивното обезбедување. Некој провалил во куќата и биле ограбени – рече нивниот татко, Мохамед Хадид по кражбата.

По кражбата сестрите се вратиле дома со чартер лет.

 

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Запеа ќерката на Џенифер Лопез (ВИДЕО)

saso user

Катарина Ивановска и бремена вежба во теретана ФОТО

saso user

Емина Јаховиќ ја обнови врската со турскиот милијардер, Мустафа полудел ФОТО

saso user