Број на текстови објавени денес: 41
Македонија Топ вести

Лиле Стефанова се појави во суд, судијата не дозволи „Рекет“ да го одложи „Титаник“

„Титаник“ е првиот предмет на СЈО за кој се одржува рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје по завршувањето на едномесечката судска ферија. Ова е и прво рочиште за предмет на СЈО по пукањето на аферата „Рекет“, а како застапник на обвинението е Лиле Стефанова, која се споменуваше во снимките кои ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“.

„Рекет“ беше причината и адвокатите на обвинетите во „Титаник“ да побараат да нема судења.

– Сметаме дека новонастанатата ситуација и сите постапки кои излегоа во јавноста се доволна причина да се одложи денешното рочиште имајќи предвид и дека нема луѓе кои се во притвор. Одбраната нема никаква намера за одолговлекување туку да се даде можност предметот да се расчисти – предложи адвокатот Петар Василев.

Но, судијата, Осман Шабани, кој го води случајот „Титаник“ не се согласи.

– За тој предмет има надлежен обвинител. Освен тоа, зборуваме за случувања кои се предмет на друго обвинителство – рече Шабани.

Василев се дообјасни дека алудирал на оставката на шефицата на СЈО, Катица Јанева, а судијата посочи дека оставката е депонирана, но не е констатирана и е условена со некое идно дејство. По неуспешниот обид за одложување започна рочиштето за „Титаник“ кој се однесува на изборни нерегуларности за што обвинети се 21 лице од ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу нив се Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Илија Димовски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски и др.

Стефанова утрово продолжи да ги чита материјалните докази на СЈО за овој предмет кои се околу 5.900 на број. Таа во судот влезе како и вообичаено од службениот влез и ова е нејзино прво појавување во јавност откако нејзиното име беше споменато во снимките кои изминатите денови ги објавуваше „Ла Верита“. Нејзиното име, Орце Камчев првпат го спомена во второто објавено продолжение од снимките прашувајќи го Бојан Јовановски Боки 13 дали Лиле е со нив, но не доби потврден одговор.

Бизнисменот кажа и оти Ванчо Чифлиганец за Стефанова му барал дуќан за стоматолошка ординација. За ова, пак, Чифлиганец потоа излезе со демант.

Во третото продолжение, објавено во саботата, нејзината шефица, Катица Јанева зборува за неа кога се вмешува во телефонски разговор меѓу Боки 13 и Камчев. Кога осомничениот во „Рекет“ вели дека бизнисменот „се плаши од Лиле“, специјалната обвинителка кажува: „Јас многу сум ангажирана затоа не ја држам така редовно под контрола, инаку без мене она не може ништо“.

По споменувањето на нејзиното име, со официјална писмена изјава излезе и самата Стефанова велејќи дека Камчев како осомничен во „Империја“ се обидел да влијае врз неа преку Чифлиганец. Таа изнесе и дека имала несогласувања со шефицата Јанева, прво за замената на мерката притвор со домашен притвор за осомничените во „Империја“, а потоа и за издавањето на времен пасош на Цветан Панделески, како и на Камчев што било одлучено без таа да знае додека била на годишен одмор. Стефанова во изјавата кажа и оти Јанева барала извештаи за случаите „Империја“ и „Поштенска банка“ за тоа колку пари осомничените треба да ѝ вратат на државата и да се затворат предметите без да се оди во затвор.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Турција го однесе вниманието на министрите на ЕУ, Македонија и Албанија тема за октомври

saso user

МЕГА ГАЛЕРИЈА: ОПШТИНА ОХРИД ГО НАДМИНА И БЕНЕТТОН, СИТЕ БОИ УБАВО И СТОЈАТ?!

saso user

Контраверзни изјави на Сиљан Мицевски: Боки 13 имаше реален проект, не ме рекетираше!!

saso user