Број на текстови објавени денес: 60
Сцена

Лана дел Реј со нова песна посветена на нападите во САД (ВИДЕО)

Лана дел Реј ја претстави својата нова песна „Looking for America“, којашто всушност, е одговор на нападите со огнено оружје кои минатиот викенд се случиле во САД.

– Јас не сум политичарка, не се обидувам да бидам и се извинувам што имам свое мислење, но во светлото на сите напади деновиве и оние изминатиов период што на мене доста влијаеја, ја објавувам оваа песна… Се надевам дека ќе ви се допадне – напиша пејачката на Инстаграм каде што и го објави видеото со новата песна.

На снимката, додека нејзиниот продуцент Џек Антоноф свири гитара, таа вели дека сѐ уште трага по „својата Америка“… „Онаа во која нема пиштоли и знаињата слободно се вејат… Онаа во којашто наместо бомби, има само огномет, ти и јас”, како што порачува во стиховите.

Минатиот викенд во САД се случија два напада со огнено оружје во коишто загинаа 31 лице.

ФОТО: EPA / NINA PROMMER

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Косово не може да учествува на Евровизија

saso user

Тамара Тодевска ѝ ја отпеа „Proud“ на Нина Костовска од УНИЦЕФ ВИДЕО

saso user

ФОТО: Сузана Гавазова си го сонча газето

saso user