Бизнис Урбани вести

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ ДОМАЌИН НА БИЗНИСМЕНИ ОД ШВЕДСКА ,КОЈ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ДЕПОНИЈАТА „БУКОВО“

Делегција на Кралството Шведска ,преставувана од првите менаџери ан мултинационалната компанија „Smalands Metallo Atarvinning AB“, денес го посетија ЈП Охридски Комуналец -Охрид.Делеагцијата која беше предводена од господинот Јан Тувесон, беше примена од директорот на Охридски Комуналец Љупчо Грданоски.Компанијата „Smalands Metallo Atarvinning AB“,заинтересирана е за подигнување на отпадот од депонијата „Буково“,а кој отпад имаат намера да го пренесат во Кралството Шведска , каде истото се рециклира и од него прават алтернативни горива.како што истакна првиот менаџер на „Smalands Metallo Atarvinning AB“, количината која ја има во депонијата „Буково“ ,а која е проценета на над 500.000 тони ,„Smalands Metallo Atarvinning AB“,би требало најнапред во депонијата да вградат машини сепаратори машина за балирање,а потоа со камиони ќе биде пренесено во пристаништето „Драч“ во Р.Албанија.Според проценките на „Smalands Metallo Atarvinning AB“,постојната количина би се подигнала во период од две години.

Според директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, јавното претпријатие согласно е со ваквата идеја, но најнапед мора да се извршат основните админситративни дејствија , потпишување на меѓусебен договор, нешто за што ќе треба да даде одллука и Совет на општина Охрид.Двете страни се договорија со отпочнување на договори ,а конечен став ќе има кон крајот на месец септември ,кога се очекува нова посета на првите лица на „Smalands Metallo Atarvinning AB“,од Шведска на ЈП “Охридски Комуналец“.

С.Д.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Работниците сѐ уште се жалат на неисплатени плати, придонеси надоместоци

saso user

Започнува „Двеодолива Чоко Стоби Флипс“ наградна игра

saso user

Заев сака Швајцарија, Германија и Франција да инвестираат во Попова Шапка

saso user