Број на текстови објавени денес: 60
Досие Македонија Топ вести

ЈОРСМ,ТРЕБА ВЕДНАШ ДА БАРА КАМЧЕВ И ДРУГИТЕ АКТЕРИ ВО ИМПЕРИЈА ДА БИДАТ УПАСЕНИ

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кое постапува и во случајот „Рекет“, од објавените видео и аудио материјали во италјанскиот весник „La Verità“, поседува доволно докази,за поголем дел од актерите во „Рекет“,веднаш да побараат мерка Притвор.

Во разговорот објавен на „La Verità“, јасно може да се согледа ,дека станува збор за Злосторничко здружение,кое се обидувало преку посредникот Боки 13,а и други лица , да поткупат обвинители и судии ,како би издејствувале ословодителни пресуди во предметот кој го водеше СЈО -„Империја“.

Во делот на објавениот разговор од страна на италјанскиот весник „La Verità“,јасно може да се слушне ,дека Камчев му кажува на Боки 13 ,дека Целе (се мисли Цветан Панделевски) ,кој исто така е обвинет во случајот на СЈО „Империја“ му ги дал парите на Камчев!?Се споменуваат и други имина ,како Деки,Сале, Јоцо и компанија итн.

Од изнесените разговори во весникот „La Verità“,јасно се гледа дека Орце Камчев свесно парави злосторничко здружение со Боки 13,Зоран Милевски-Кичевски,неговата сопруга Ана,Дејан и Цветан Панделевски,кој пак од друга страна играат и самостојно со Боки 13, со една единствена цел , да го срушат предметот „Империја“ со помош на Катица Јанева – Специјален Обвинител,при тоа употребувајќи поткуп во висина од 1.5 милиони евра?!

ЈОРСМ ,ќе мора да утврди и потекло на парите , а кој пари Камчев му ги дал на Боки 13,за да даде кај што требало?!. Во разговорот Камчев му кажува на Боки13 ,дека парите се извадени од Банка ,едвај собрала банката толку пари ,и токму поради таа причина ,банкнотите биле во апоени од по 50 евра?!

ЈОРСМ ,веднаш и неодложно мора да издаде налог за апсење на Орце камчев и за сите лица кој се споменуваат во објавените разговори во италјанскиот весник „La Verità“,а кој лица имале обвиненија од СЈО во предметот „Империја“ ,а и во други предмети кој ги води СЈО.Секогаш треба да се почне од главните актери на кривичното дело, сите останати ќе си дојдат сами,а поголем дел од нив ,ќе молат да бидат заштитени сведоци на ЈО ,само да спасат жива глава.На ред е ЈОРСМ.

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ДИРЕКТОРКА НА ОХРИДСКИ МУЗЕЈ НОВАКОВСКА: ЗНАЕТЕ ЛИ КОЈА СУМ ЈАС?, ЈАС СУМ ПРОДОЛЖЕНА РАКА НА ЗАЕВ!!

saso user

До крајот на неделава топло, од понеделник ќе застуди и ќе врне

saso user

Топло време со температура до 33 степени

saso user