Досие Македонија Топ вести

Камчев и останати ќе се спасат, а народот, дури тогаш ќе ја дознае ефтината монтировка на детето азилант.

Чуму толку многу врева? Ќе ја паѓате власта со Боки 13 и, со остатокот и рекетарскиот курир на Мијалков и Камчев, Зоки Кичевски?! Или можеби одите во нова реприза, онаа „Мал корак за Човекот…“, досадно постанува.

Искрено, не верувам на никого, најмалку во Орце Камчев, уште помалку во Мицковски, не верувам ниту на поголем дел на дечките од власта, а во Обвинителството и судската власт, воопшто не верувам, причини, мал милион.

-Сега кога го слушнавме Мицковски, дека ќе летувал со фамилијата во Хрватска, зошто , своевремено татко му го носел таму?! Сега се прашувам, дали, можеби еден од актерите во „Рекет“,  Орце Камчев, го однесол Мицковски на одмор во Хрватска, исто како што своевремено, тато си ги носел дечињата на одмор во Хрватска, онака се платено, безгрижно?!

-Кога сме веќе на реалниот „Рекет“, очигледно дека главен режисер и сценарист е токму Орце Камчев. Камчев подолго време, преку својот телефон, веројатно преку бесплатната андроидна апликација – Call Recorder, ги снимал сите разговори. Сите разговори со Боки 13, а веројатно и со други се снимани. Од друга страна, во објавеното нецелосно видео од домот на Камчев во Злокуќани, јасно се гледа, дека целиот дом на Камчев е под постојан засилен видео и аудио надзор, со висок квалитет. Исто така, дури и пристапните патишта кон домот на Камчев, се под засилен доста квалитетен мониторинг видео-аудио. Доколку добро се погледне видео снимката, која ќе повторам не е целосна, истата е сечена според нечија потреба, јасно ќе се увидат два ликови и едно моторно возило, кој стојат на некаде 100-тина метри пред домот на Камчев, нешто, што, колку и да се глупави Боки 13 и Кичевски, сигурно ги виделе, кога излегувале од домот на Камчев со куферот полн со кеш.

-Да појаснам на што се темелат моите сомнежи, дека сиот видео материјал претставува добра монтировка со одредена цел. Зоран Милевски -Кичевски, цели 12 години ја играше рољата на рекетар на ВМРО ДПМНЕ. Му беше десна рака на Сашо Мијалков, на Љупчо Тодоровски-Радник, поседуваше легитимации на припадник и на УБК и на БЈБ. Едноставно, сите беа недопирливи. За време на локалните избори во 2013 година, дури и издаваше наредби во СВР Охрид на началниците и полициските службеници, кој да се апси, кој да се тепа и што ти уште не! Исто така и на парламентарните избори, за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ, претставуваше култен лик. Кога веќе говори Мицкоски за Рекет, тогаш, нека се врати 3 години наназад, нека јавно кажи која била улогата на Кичевски во сите валкани игри на ВМРО ДПМНЕ??!! Како тоа беа рекетирани градоначалници, бизнисмени, како се ослободуваа и по која цена извршители на убиства, колку чинеа ослободувањата на нарко дилерите и др? Како, преку ноќ Кичевски се стекнал со силни недвижности во РСМ и надвор од границите вредни над 100.000.000евра? Како тоа двајца, а и на Камчев  потрчковци, имаат конто во Лугано од 59.000.000 евра??

Додека сме кај овие фамозни 59.000.000 евра, Рускоска, а богами и Заев, нека испитаат кој од СДСМ се подновил со ново АудиА8 и еден екстравагантен моторцикал, кој ги добил на поклон, ќе ги заштител потрчковците???!!!

-Зоран Кичевски, добро ги знаел сите глупави шеми на снимање на разговори и следење, од таа причина, уште повеќе, како лице кој во доста наврати носел и црни вреќи со неколку милиони евра во Белата Палата на ВМРО ДПМНЕ, а и во директорските кабинети на МВР, згора на фактот што со Камчев бил бизнис партнер и го познавал добро карактерот на Камчев, немал сигурно да се осуди, на ваков дилетански потег, да биде сниман како мамлаз! Позадината е поголема, исто како што и наивноста на СДСМ да веруваат во еден перманентен лажов и сецикеса, каков што е Боки 13.

СДСМ ќе си ја плати цената на дружата со Боки13, Јанева од поодамна има еден предмет во Гевгелија за шверц со егзотични животинки. На крај, цената на глупоста ќе ја плати народот, слаба режија на Камчев во неговиот поход да ја урниса СДСМ, да се спаси себе си, началникот, Цветан Панделевски, да ги спаси силните милиони кој треба да ги вратат на граѓаните на РСМ. Повторувам, глави ќе летаат, само на крај Камчев и останати ќе се спасат, а народот, дури тогаш ќе ја дознае ефтината монтировка.

Сашо Денесовски

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

СДСМ: Политичката реалност е дека Мицкоски е поразен, демократските промени се заокружија, наместо нов Иванов имаме вистински Претседател

saso user

Линднер: И позицијата на Мицотакис придонесе за Договорот од Преспа

saso user

Османи со нова теорија на историјата: Џемаили не бил вмешан во „Мавровски работници“

saso user