Досие Македонија Топ вести

Дали доктор Чадиковски навлегол во политика, од знаење или преголемо незнаење??

Кардиохирургија или срцева хирургија, како една од пкомплексините гранки во медицината е’ хирургија на срцето и на големите крвни садови, извршена од страна на специјалист кардиохирург. Најчесто во кардиохирургијата се врши за лекување на компликации на конгенитална срцева болест, или за лечење на валвуларна срцева болест. Исто така делот на Кардиохирургијата, вклучува и комплексни хируршки зафати, како што е’ и срцева трансплантација.

В’чера, доктор Владимир Чадиковски, заедно со уште двајца доктори – анестензиолози, склучиле спогодбено раскинување на договор за вработување со ПЗУ-Клиника Жан Митрев -Скопје! Претходно на 04-12-2018 година, докторот Владимир Чадиковски заедно со својот тим од Клиниката за детска кардиохирургија при Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје, се пресели во ПЗУ„Клиника Жан Митрев“-Скопје. Причината за „преселбата“ беше многу едноставна. ПЗУ„Клиника Жан Митрев“-Скопје, ги имаше и ги има сите потребни услови за пред оперативен, оперативен и пост оперативен третман н деца заболени од срцеви заболувања, поточно услови, кој на државната клиника ги немаше. Целиот трансфер на Чадиковски и неговиот тим, беше со една и единствена намера, подобри услови за згрижување и оперирање на деца со срцеви заболувања, или, со еден збор целта беше да се спасуваат детски животи, а не да се тргува со лични суети.

ЧАДИКОВСКИ НЕ ОДГОВОРИ ДАЛИ ИМА СУБСПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА ЗА ДЕТСКИ КАРДИОХИРУРГ?

Со  Законот  за  здравствена  заштита,  „здравствените  работници  и  здравствените  соработници  со  високо  образование  можат  да  специјализираат и  да субспецијализираат од определени гранки на медицината. Законот за здравствена заштита  пропишува – „Специјализацијата, односно субспецијализацијата на здравствените работници и здравствените соработници се врши според прописите со кои се уредуваат постдипломските студии ако со овој закон поинаку не е определено (член 146, став 2)“. Исто така, според законот, специјализацијата и субспецијализацијата во делот во кој се остварува теоретска и практична настава во одредено траење се спроведува на соодветната високообразовна организација, а во останатиот дел се остварува во здравствените организации кои имаат соодветен простор, кадар и опрема.  До денес,  доктор Чадиковски, кој за себе истакнува дека е’ едиснтвен лиценциран кардиохирург во РСМ, јавно не ја обзнанил неговата субспецијализација на некоја реномирана европска или светска клиника за кардиохирургија, оддел детска кардиохирургија, додека за себе говори дека е лиценциран детски кардио хирург?! Времето покажува, дека Чадиковски е должен јавно да ја обзнани неговата Лиценца за детски кардиохирург и, истата да ја поткрепи со доказ од релевантна здравствена установа од Европа или пошироко, нешто за што го обврзува и Етичкиот Кодекс, доколку во истиот е внесено, дека лекарот  е  должен  постојано  да  се  обврзува  и  да  го  продлабочува  своето  стручно  и  научно  знаење.  Тој  е  должен  да  се  грижи  и  да  се  залага за стручната оспособеност, моралот и етиката на соработниците, јавно и отворено да предупредува за причините на болестите и активно да соработува во спречувањето и отстранувањето на болеста. Лекарот се залага за здравствено  воспитување  и  за  растеж  на  здравствената  свест  и  здравствената  култура  на луѓето. Лекарот треба да се залага за спречување на сето она што го загрижува здравјето на човекот, да се бори против општата заостанатост и надрилекарство“ (член 4) од Етичкиот Кодекс.

Дека многу нешта сокрива Чадиковски за неговото заминување од ПЗУ„Клиника Жан Митрев“ -Скопје, од одделот за дестка кардиохирургија, повикувајќи се на наводни нешта за неисполнување на некаков си договор!? Наместо да се шпекулира низ македонската јавност и медиумите во РСМ, за дневна политичка потреба, лекарот Чадиковски е должен, јавно да ги изнесе несогласувањата со Др. Жан Митрев ,како негов работодавец, јавно да ја обзнани неговата „Лиценца“ за кардиохирург?!Една од основните причини, кој фрла голем сомнеж, претставува и оној, што тимот на Чадиковски броеше 10 медициснки лица, а заминуваат од тимот само тој и, уште двајца анестензиолози!! Дали алчноста на поединци, го претвораат здравствениот систем во пазарче за личен интерес, кој во дел е неспорен, а во поголем дел веќе постанува да биде и спорен?! Дали Чадиковски навлегол во политика, од знаење или преголемо незнаење??

Сашо Денесовски -Лично

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Грците загрижени за Преспанскиот договор: Што ако победи ВМРО – ДПМНЕ, Мицкоски ниту еднаш не кажал Северна?!

saso user

Рикер доаѓа на средби со Заев, Пендаровски и опозицијата, но и со новата грчка влада

saso user

РСБСП апелира возачите да внимаваат каде и како паркираат

saso user