Македонија Топ вести

Филипче: Нема промени, семејството на пациентот ќе може да ги земе лековите од аптека

Сите пациенти кои не се во можност лично да отидат во аптека од здравствени причини, тие ќе можат како и досега да ги подигнат лековите преку членовите на нивните семејства, посочува министерот за здравство, Венко Филипче, по укинувањето на квотите за лековите во туристичките места и по информациите дека само пациентите лично ќе можат да ги подигаат.

Квотите за лекови од денеска се укинати во туристичките места: Охрид, Струга, Ресен, Дојран и Гевгелија, а од наесен се најавува и во цела држава.

– Начинот на издавање на лековите останува ист како и до сега. Укинувањето на квотите во аптеките во туристичките региони е првиот чекор кон целосно укинување на квотите, кое треба да се спроведе во целост најдоцна до октомври 2019 година. Лекови без квоти, континуирано, во било кој ден од месецот е стратешкиот план на Министерството за здравство – вели Филипче.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Членови на МАНУ: Расправата за историјата на Македонците и на Бугарите треба да се води непристрасно и независно од политиката

saso user

24 нови случаи на коронавирус во земјава, вкупно 201 лице

saso user

МТСП: Вложуваме во младите, создаваме услови за напредок и развој на вештини

saso user