Број на текстови објавени денес: 60
Досие Македонија Топ вести Урбани вести

(ФАКСИМИЛИ) ЗАЕВ, МАНЧЕСКИ И ГЕОРГИЕСКИ, ДА ДАДАТ ОДГОВОР ЗА СКАНДАЛОТ СО ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА И ПРЕВЗЕМАЊА ВО ОХРИД, Дел-1ви

Декларативни ли воопшто беше тезата, дека ќе градиме „Едно опшество за сите“, почитувана господа од СДСМ? Или, можеби ова фоскула се сведува на онаа парола од 2002 година од легендарниот 15-Септември, кога од секое семејство ќе вработувавте по еден ?!

Можеби лагата дека градиме Опшество за сите, Ви е оправдана, зошто точно е дека градите Едно опшество за сите, но за сите криминогени топчиња од вашата паритија СДСМ и колициските привезоци, па така по секоја цена од ноторни паразити, сакате да направите функционери?! И, потоа не оди работата во државата ?! Тоа ли се’ вашите толку посакувани европски вредности?!

СДСМ ГО КРИТИКУВАШЕ ВМРО ДПМНЕ ЗА ВРАБОТУВАЊАТА ВО МАКЕДОНСКИ ШУМИ, ТИЕ СОЗДАДОА Р’ШУМ “ВОДОВОД“ ЗА ПРИЕМ НА ПАРТИСКИ КАДРИ?!

Во 2016 година, кога тогашната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ објави оглас за вработување на 325 Дрвосечачи во ЈП „Македонски Шуми“, а вработија преку ноќ 1600 административци, тогаш, сегашната власт, а тогаш опозиција, деноноќно го критикуваше ВМРО ДПМНЕ за партиски вработувања! Секако, дека критиките беа оправдани, но се’ она што се критикуваше власта предводена од ВМРО ДПМНЕ, денес власта предводена од СДСМ, до таа мера го ископирала и усовршила, што може во голема мерка да и позавидат и оние тогаш болни умови од ВМРО ДПМНЕ.

ВО „ЈП ВОДОВОД“ ОХРИД ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ОПШТИ (ПАРТИСКИ) РАБОТНИЦИ, А ТИЕ ПРЕКУ НОЌ ПОСТАНАЛЕ МОЌНИ ПАРТИСКИ НАМЕСНИЦИ-РАКОВОДИТЕЛИ??

МЈП „Проаква“-Струга, во чиј состав е и Работна единица „Водовод“ Охрид, на ден 24.01.2019 година, врз осонов на Закон за работни односи, распишува Оглас за прием на ОПШТИ РАБОТНИЦИ на неопределено време. Во огласот е  наведено, дека паричниот износ на Нето плата ќе изнесува 13.500 ,оо денари.Прилог Факсимил од Јавен Оглас.

Некој ќе рече ништо спорно, се примаат работници, но суштината е многу поблесава и позабегана, со цел да во целост се избегне законската процедура, пропишана со Закон за прием на раководители?!

ПАРТИСКИ ОГЛАС, АМА НЕ Е ЈАВЕН ОГЛАС, СЕ БИЛО НАМЕСТЕНО, НО ГЛУПАВО И КРИМИНАЛНО?!

Неместо јавниот Оглас да биде објавен согласно Закон во два пишани медиуми (1 на македонски јазик и 1 на албански јазик). Јавниот Оглас бил објавен само во Службен Весник на РСМ, или во државен огласник, каде пристап имаат само правни лица, кој се преплатени на Службен весник на РСМ, додека нормалниот обичен граѓанин НЕ?! Игранката е повеќе од јасна, но за тоа подолу во текстот.Факсимил број 2.

ВО ИСТ ДЕН ПАРТИСКИ ОГЛАС, ВО ИСТИ ДЕН ПАРТИСКО РЕШЕНИЕ ЗА ИЗБОР НА ЛИЦА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ,ЧУДЕСНА МАКЕДОНИЈА ?!

Фактот дека новите дечки од фамозниот „Живот за сите“, спровеле криминален оглас за вработување, говори и фактот, што и ако Јавниот Оглас за вработување го објавиле во Службен Весник на РСМ на ден 24.01.2019, наместо да го чекаат званичниот со Закон определен рок од минумум 8 дена, во МЈП „Проаква“ Охрид, ОДЛУКА за избор на лица за вработување на неопределено време, донесе истиот ден, поточно на ден  24.01.2019 година, или биле побрзи и од брзината на светлоста, кога се работи за криминално вработување!? Во приложениот Факсимил, со црвена боја обележано е едно име АЛЕКСАНДАР КУЗЕВСКИ, обратете внимани на ова име, зошто ќе се провлекува низ севкупната криминална ујдурма за партиски вработувања. Прилог Факсимил од Одлука:

АЛЕКСАНАДАР КУЗЕСКИ ОД ОПШТ РАБОТНИК, ПАРТИСКИ ЕКСПРЕСНО ПОСТАНАЛ РАКОВОДИТЕЛ?

Ново примениот Општ работник во Р.Е. Водовод – Охрид, кој бил примен на ден 24.01.2019, уште не фатил Лопата во рака, но веднаш, на ден 06.02.2019 година, од Директорот на МЈП Проаква -Охрид Алексијоски Владимир, добива, замислете НОВ ПРОМЕНЕТ ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ?!

Но сега, целта на криминалното вработување, доаѓа до она вистинската поента на изигрување на сите закони во РСМ. Лицето кое е вработено со нови договори е Александар Кузевски, кој беше 1 година В.Д.Директор на АД “Еврокомпозит“ -Прилеп, лице кое со одлука на влада беше разрешено од позицијата В.Д.Директор, но и лице кое во ОЈО Прилеп, ОЈО Битола и во ЈО за гонење на организиран криминал и корупција во Скопје има неколку кривични пријави и истраги, за основано сомнение ,дека како вршител на должност директор во АД „Еврокомпозит“-Прилеп, ОСНОВАНО  се терети, дека направил стек од Кривични дела Злоупотреба на службена положба и овластувања, Послужување во службата и изигрување на доверители, со што се стекнал со против правна имотна корист од над 200.000евра.Истрагите се уште не се затворени.

Со цел да се избегне јавен скандал за противзаконско вработување на лице, кое доколку бил нормален Оглас за вработување на раководно лице, требало да достави Уверение од Суд и од ЦРМ, дека нема забрана за вршење на дејност и дека не се води Кривичен прогон, како би се изиграл законот, директорот на МЈП Проаква Охрид, на ден 06-02-2019 година, на лицето Александар Кузевски, му врачува ново решение, поточно Променет договор за вработување, со кој договор од обичен Општ Работник, експресно го назначува за Раководител на одделение за управување со човекови ресурси, со Нето личен доход од над 30.000,оо денари, или за три пати поголема од оној личен доход, за кој беше примен на криминален оглас како Општ Работник?

Прилог, Факсимил 3

Ревносните партиски директори во МЈП Проаква -Охрид, истиот ден 06-02-2019 година, носат и Решение за распоредување на админстративен службеник?

Прилог -Факсимил број 4.

КУЗЕВСКИ НАПРЕДУВАЛ ВО КАРИЕРАТА, СЕГА НА НОВО РАБОТНО МЕСТО, РАКОВОДИТЕЛ НА СЕКТОР ЗА ПОДДРШКА НА СОВЕТ ПРИ ОПШТИНА ОХРИД?!

Блескавата кариера на само до пред 4 месеци општиот работник Александар Кузески, кој патем успеал да се покаже како добар стручен општ работник, кога наместо копање на канали за водоводна мрежа во Охрид, лопатата ја замени со раководно место, Раководител на одделение за управување со човекови ресурси, но и тоа било премалку за ваков ВУНДЕР КИНГ ,ЧУДО ОД ДЕТЕ АЛЕКСАНДАР КУЗЕВСКИ?!

Дечкото Кузески, без кого не може македонското стопанство и јавните установи, сега оди напред во својата кариера. Така на ден 25-07-2019 година, склучена е СПОГОДБА  за вработување со трајно превземање, помеѓу „МЈП Проаква“ Охрид и Општина Охрид. Со оваа спогодба лицето Александар Кузевски преминува во работен однос во Општина Охрид, на работно место, Административен Службеник од 4-то Ниво-Б4-Раководител на одделение за поддршка на советот на Општина Охрид?!

Она што зачудува во потпишаната спогодба, претставува фактот, каде во Член 1, алинеја 7, стои, дека Административниот службеник ги исполнува, сите услови предвидени согласно правилникот за систематизација на работни места на општина Охрид?! Има ли не некаде соодветна документација, како и во претходното назначување на Александар Кузевски, уверенија, дека против него не се води Кривична постапка, дека нема забрана за вршење на дејност итн, што се предвидени по Закон?! Дали лицето Александар Кузевски поседува соодветно работно искуство согласно Закон, дека истиот во изминатиот период од 4 години има завршено Високо образование, соодветен Факултет, и дека обавувал раководна дејност?!Или, власт сме, се си можеме?!Но заборавиле во спогодбата во брзината да вметнат и датум кога е склучена спогодбата, оставиле празно место, по потреба можеби да се антидатира?!

факсимил број 5

На ден 25-09-2019 година, своја експресна согласност за превземање и одење на нова раководна функција, дал и Александар Кузевски,.! Но и овде  заборавиле во согласноста, во брзината да вметнат и датум кога е дадена согласноста, оставиле празно место, по потреба можеби да се антидатира?! Факсимил број 6

Изјава за согласност за трајно превземање на лицето вработено претходно во МЈП Проаква Охрид, дал и Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, но и во неговиот документ -согласност, на ден 25-07-2019 година, во брзината изоставен во текстот е датумуот на издавање на согласноста, и тука празно место?!Факсимил бр.7

ПРЕМИЕРИОТ ЗОРАН ЗАЕВ И МИНИСТЕРОТ ДАМЈАН МАНЧЕВСКИ НА ГРАЃАНИТЕ ИМ ДОЛЖАТ ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА ВАКВИТЕ КРИМИНАЛНИ ВРАБОТУВАЊА И ТРАНСФЕРИ НА ПАРТИСКИ ВОЈНИЧИНА?!

Од погоре приложените факсимили, повеќе од јасно е, дека вработувањето и унапредувањето во кариерата на лицето Александар Кузевски, кој е член на Централниот Одбор на СДСМ, не да е спротивна на сите закони во РСМ, туку претставува екватантен пример на партиско смаоволие, од кое штета трпат граѓаните на РСМ. Со ова се докажува дека се гради само Опшество за патриски послушници, дека законот е селективна материја за поединци, додека овие челнови на ЦО на СДСМ, се богови, на кои граѓаните треба да им се поклонуваат?!

Премиерот Зоран Заев, кој најавуваше „МЕТЛА“, го прашуваме, дали ова е метлата со која требе да се измете, само народот, порака до оние кој останаа да ја чуваат Македонија, дека, се непожелни во сопствената држава, дека час поскоро да си ги спакуваат куферите, да заминат некаде далеку, каде нема вакви калакурници??!

Исто така и министерот за Иформатичко опшество Дамјан Манчески, да даде одговор, на кој начин ќе ја аминува ваквата криминална спогодба ?!

Немојте само да не обвините, дека шириме Лажни вести ,при очи да не правите слепи, при уши глуви, нема да Ви помине …

Сашо Денесовски

ПРОДОЛЖУВА, 70 скандалозни партиски вработувања за време на избори во Охрид.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Калајџиев: Судиите се ставени меѓу чеканот и наковалната

saso user

Неподносливо топли лета кон крајот на 21. век

saso user

СДСМ: Започнуваме со уште една клучна мерка со која ги враќаме парите кај граѓаните, од понеделник стартува повратот на ДДВ од 15%

saso user