Урбани вести

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОХРИД ГЕОРГИЕСКИ ПО ПОВОД 2-РИ АВГУСТ, ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

По повод големиот државен празник Илинден, честитка до сите граѓани упати градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.

– Чествувајќи го 2ри Август – Илинден, Денот на Републиката, денот кој не инспирира и обединува, ја продолжуваме традицијата на нашите славни генерации и се сеќаваме на големиот број револуционери, кои верни на својот идеал ја дадоа најголемата жртва поттикнати од  маките и страдањата на народот, но и стремежот за самостојна и слободна држава.

Прославувајќи ги двата Илиндена, 1903 и Првото заседание на АСНОМ, ја прославуваме и љубовта кон татковината. На овој празник се поклонуваме на славното дело на револуцијата, на храброста, доблеста, но и на поставувањето на темелите на современата македонска држава.

Идеалите на двата Илиндена се сеуште живи, и тлеат во секој од нас. Се додека во себе го носиме жарот на илинденците ќе постои и стремежот за поубаво утре.

Нека ни е честит и вековит празникот Илинден! – се вели во празничната честитка на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ЗАПОЧНА КУЛТУРНО-ЗАБАВНОТО ЛЕТО „НА ЗАЈДИСОНЦЕ” ВО ТРПЕЈЦА

saso user

Дивоградбите во Охрид не мора да се урнат до февруари, за Струга нема ниту регистар

saso user

ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УЗ 10 И 11,ДЕЛ ОД УБ 10.4 И 11.1-ОПФАТ 2 (ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ) ОПШТИНА ОХРИД

saso user