Урбани вести

Илинденска честитка од градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски

Градоначалник на општина Ресен, Живко Гошаревски упати честитка до сите граѓани по повод празникот Илинден.

„Драги сограѓани,

Дозволете ми од мое лично име и од име на вработените во општина Ресен, да Ви го честитам државниот празник 2-ри Август – Илинден.
Денешниов ден е запишан со златни букви во нашата историја, вкоренет во нашата традиција и во меморијата на секој Македонец.
Рамо до рамо, без разлика на вера и нација, далечната 1903 година, знајни и не знајни јунаци го кренаа својот глас за слободна и независна татковина.
Желбата за слобода и независност беше поголема од нивните животи кои ги положија во име на идејата за конечно ослободување.
Борбата за наша самостојна и независна држава продолжува и за време на Народно ослободителната и антифашистичка борба, за конечно на Првото заседание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчински на 2- ри август 1944 година да резултира со остварувањето на сонот за сопствена државност.
Почитувани, во двата Илиндена ни е втемелена борбата за слобода и независност. Во двата Илиндена се сееше семето на хероите за сопствена државност.
Борбата не престанува! Денес нашата држава е на правиот пат да стане почитувана и достојна држава која ќе ги достигне европски вредности.
Нашата борба но и борбата на сите идни генерации е да изградат општество на благосостојба.

Нека ни е честит Илинден!!, стои во честитката.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Поради кочници од ИВЗ, Охрид ќе се најде на црната листа на УНЕСКО

saso user

СЕ ПОПЛОЧУВААТ КРАЦИ НА „15-TИ КОРПУС“

saso user

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

saso user