Број на текстови објавени денес: 60
Мода

Погледнете го фустанот со кој Кејт го освоила Вилијам – мини проѕирен со црна долна облека ФОТО

Фустанот во кој војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон го завела принцот Вилијам е парче облека за кое никогаш не би очекувале дека ќе му се допадне на еден принц.

Кејт Мидлтон тогаш била студентка на Универзитетот „Сент Ендру“ кога во 2012 година учествувала на некоја хуманитарна модна ревија и со својата појава го освоила Вилијам.

Она што е најинтересно е тоа што тогаш таа прошетала во мини проѕирен фустан со тиркизна лента над градите од креаторката Шарлот Тод.

Под фустанот носела црна долна облека која се гледала.

Принцот секако дека седел во првите редови и штом ја видел Кејт му рекол на својот пријател Фергус Бојд: „Оваа, Кејт навистина е секси!“.

Кејт пред неколку години се пошегувала на прославата на 60-годишнината од факултетот и им порачала на студентите да „внимаваат кога учествуваат на некоја модна ревија затоа што никогаш не знаат какво парче облека ќе добијат“.

FOTO: PROFIMEDIA

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Меган Маркл покрена моднa линијa вo хуманитарни цели

saso user

Шортс наместо женска чанта новиот Твитер хит

saso user

Секси пожарникари од календар ќе гасат оган во женски срца

saso user