Број на текстови објавени денес: 0
Македонија Топ вести

СДСМ ВО ОХРИД АЗДИСАЛА, ВОН ЗАКОНСКИ ПРОЦЕДУРИ ВДОМЕНИ НАД 50 ПАРТИСКИ ПОСЛУШНИЦИ БЛИСКИ ДО ПРВИОТ ЦАРИНИК?!

Нов скандал од поголеми размери, онака пред празнично илинденски ја тресе Македонија, епицентарот, повторно во Охрид ! Од кога првиот „Митничар“ во РСМ, оној дечко задолжен за се и сешто Ѓоко Танаскоски, ја прогласи конститутивната седница на новото раководство на СДСМ за ПРОТИВ СТАТУТАРНА, од протоколарни причини, тргна се во мајчина!?

Според Танаскоски Алфа мажјакот во Охрид, на конститутивната седница на новото раководство, не станале протоколарни недостатоци на свечената седница, како на пример:

  1. Не бил повикан преставник на МПЦ
  2. Претставник на ИВЗ
  3. Претставник на ИВЗ
  4. Претставник на Католичката Црква во РСМ
  5. Претставник на Евангелиско-Методистичката Црква во РСМ
  6. Претставник на Еврејската заедница во РСМ
  7. Претставник на Црква на адвентистите на седмиот ден во Република Македонија
  8. Претставник на Христијанска адвентистичка црква во РСМ
  9. Претставник на Христијанска баптистичка црква “Радосна вест” во РСМ
  10. Претставник на Јеховини сведоци -Христијанска верска заедница во РСМ
  11. Претставник на Евангелскоконгрешанска црква во РСМ
  12. Претставник на „Света столица” на Суфиските еренлери од светот во Македонија
  13. Дипломатскиот КОР во РСМ
  14. Претседателот на собрание на РСМ
  15. Претседателот на РСМ
  16. Претседателот на Влада на РСМ
  17. Градоначалник на Општина Охрид и други

Играта на Тронови во Охрид од поодамна е започната, Козметичка шминка претставуваше назначувањето на новото раководство на СДСМ Охрид, од едноставна причина, што ништо од нив не зависи?! Целата игранка, после неуспешниот обид за превземање на претседателското место на СДСМ Охрид, од страна на Ѓоко Танаскоски, да наметне лице за претседател, кој нема ниту еден ден партиско членство (Ристе Николески), успева да го надохнади со вдомување на свој кадри во Јавните претпријатија во Општина Охрид, но и нови раководители -Кловнови во Општина Охрид, лица кој зад себе имаат дебело криминално минато!!

И, ЕВРОКОМПОЗИТНИОТ ЕКС ДИРЕКТОР АЛЕКСАНДАР КУЗЕВСКИ, ПРЕКУ НОЌ ПОСТАНАЛ РАКОВОДИТЕЛ НА СЕКТОР ЗА ПОДДРШКА НА СОВЕТ ВО ОПШТИНА ОХРИД?!

Откако во време на избори, во Јавните претпријатија во Општина Охрид, Танаскоски успеал да издејствува вработување на 36 лица, кој нему му биле ептен блиски (АНТИКОРУПЦИСКА ДА СИ ПРОВЕРИ ПО ДОПРЕН ГЛАС),  сега во Охрид на повидок е нова Илинденска афера.

Имено, додека траат партиските подготовки за тоа колку кој да однесе људство на Мечкин Камен, од друга страна Танаскоски успеал да издејствува кај градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, да го постави поранешниот директор на ЕВРОКОМПОЗИТ  АД Прилеп,  АЛЕКСАНДАР КУЗЕВСКИ.

Кузевски, како валидно решение за прв човек на АД Еврокомпозит Прилеп, кој исто така беше разрешен од страна на Владата на РСМ од позицијата Директор, поради сериозни криминални афери во висина од над 250.000 евра, за што има и соодветни постапки во ЈОРСМ, најнапред во строга тајност бил примен на работно место во Февруари месец 2019 година во ЈП Водовод Охрид, како Раководител на Персонална служба?! За ваквото вработување, далеку од законска процедура, воопшто немало никаков Оглас, туку истиот е вработен на шверцерски начин, далеку од очите на јавноста.

На 25-07-2019 година Општина Охрид и ЈП Водовод Охрид, потпишуваат договор за превземање на лицето Александар Кузевски, од ЈП Водовод, на ново работно место, раководител на Одделение за поддршка на совет при Општина Охрид ?! Истото ова решение, на ден 28-07-2019 година, два дена по назначувањето на Кузески за Општински раководител, се дава да се изгласа и пред партиската кадрова комисија при ОО на СДСМ Охрид, или пост фестум?! АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА ДА ПОСТАПИ ПО ДОПРЕН ГЛАС, ДА ИСПИТА КАКО ТОА ЛИЦЕТО АЛЕКСАНДАР КУЗЕВСКИ, ЕКСПРЕСНО КАКО ПАРТИСКИ КАДАР ГО ВДОМИЛЕ ЗА РАКОВОДИТЕЛ ВО ОПШТИНА ОХРИД, ВОН СИТЕ ЗАКОНСКИ ПРОЦЕДУРИ?!!

Листата на партиските вработувања во Општина Охрид заминала до таа мера, што секојдневно се вдомуваат, роднини, швалерки, другари и другарки, едноставно Општината и онака прегломазна натрупана од паразити, додатно се оптеретува, но сега со постанува “ стадуим на КАНЦЕР, кој никој не ќе може да го излечи. Исто е и со Јавните претпријатија, каде секојдневно се натрупува администрација, а истите немаат ниту биро, а уште помалку Стол каде би го сместиле својот скапоцен задник?!

Дечки, не Честит Илинден, туку Среќна Нова 1949, опозиција ти било убаво нешто.

С.Денесовски

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Девојките што гаснат огнови

saso user

Викендов избегнувајте да возите по мостот Гоце Делчев, ќе се поправа

saso user

Градот и годинава ќе субвенционира чистење на оџаци

saso user