Спорт

Мегваер за 90 милиони замина во Јунајтед

Одбранбениот играч на Лестер, Хари Мегваер ќе биде идниот десен бек на Манчестер јунајтед, откако „Црвените ѓаволи“ се согласија да платат 90 милиони евра за неговите услуги.

Со оваа зделка Јунајтед го реши прашањето на десниот бек уште на стартот на преодниот рок, иако веќе долго време го меркаа Мегваер.

Имено, клубот од Манчестер одамна сакаше да го донесе во своите редови, но проблемот како и обично за вакви квалитетни играчи, беа парите. Манчестер нудеше 70, додека Лестер инсистираше на 90 милиони евра.

На крајот, Јунајтед попушти и се согласи да го плати целиот износ што го бара Лестер, со што Мегваер станува најскапиот бек досега, освојувајќи му го првото место на Вирџик ван Дијк од Ливерпул.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Клоп може да се закити со титула на светското клупско првенство

saso user

Ѓорѓиев: Доколку играме како со Бугарија, Финска сигурно ќе падне

saso user

Осака најдобра тенисерка во септември во изборот на ВТА

saso user