Здравје

Средствата за нега на кожата по сончање може да ви помогнат само ако ја содржат оваа состојка

Додека за некои летото е период кога уживаат безгрижно на плажа, за други тоа е борба со изгорениците од сонце на кои чувствителната кожа е многу подложна.

Грижата за вашата кожа по изложувањето на сонце е многу важна, бидејќи избегнувањето на ваквата нега може да доведе до појава на непоправливи последици. Сепак, доколку вашиот прв потег откако сте ги забележале изгорениците e да купите средства за после сончање, можете да направите голема грешка.

Според зборовите на стручњаците, нанесувањето на кремот за после сончање може да ја оштети кожата која е со изгореници доколку не обрнете посебно внимание на состојките. Затоа, можеби најдобра идеја е наместо да купувате лосиони и кремови, на кожата да намачкате алое.

Средствата за после сончање често имаат масла кои формираат слој на површината на кожата и ја задржуваат топлината во горниот слој на кожата и прават воспалението да потрае па чувството како да горите само да се пролонгира. Покрај сето тоа, тие средства често содржат конзерванси и мириси.

Од друга страна, алоето е многу добро и корисно за кожата. Тоа пружа моментално чувство на ладење на кожата и на многумина им е омилено за после сончање, пишува „Индепендент“. Најдобро е кога се користи сиров гел директно од билката без никакви додатоци. Гелот овозможува кожата да се излади и пружа пријатно чувство на ладење наместо загревање.

Алоето е традиционален начин на лекување на кожата која изгорела на сонце, но не постојат научни докази зошто токму оваа билка е добра за тоа. Доколку не можете да ја најдете оваа билка тогаш ви треба некој производ што содржи алое.

Сепак, најдобар совет е да избегнувате какви било изгореници на кожата и да се заштитите од сонцето, бидејќи секоја година десетици илјади пациенти се јавуваат кај лекар со симптоми на меланом (рак на кожа).

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Најпознатиот доктор на светот не ги забележал симптомите на тешката болест кај мајка си! Сите знаци му биле пред нос ФОТО

saso user

Четири видови болести кои се влошуваат со годините

saso user

Нема станување од маса додека не изедеш сѐ!

saso user