Сцена

Ќерката на Берни Еклстон ја откажа милионската венчавка! ФОТО

Иако Петра Еклстон (30) и нејзиниот свршеник Сем Палмер (34) требало да го изговорат судбоносното „да“ за помалку од три недели, помладата ќерка на првиот човек на Формула 1 одеднаш ја одложи својата венчавка. Со тој потег ги шокираше своите пријатели, пишува „Дејли мејл“.

Вистинската причина за ненадејното одложување на венчавката од страна на Петра не е позната, но странските медиуми пишуваат дека членовите на семејството, наводно, ја удедиле да ја откаже свадбата. Тие сметаат дека премногу брза со мажењето, бидејќи таа се запознала со Сем пред година и пол.

Венчавката требаше да биде на 10 август во луксузното одморалиште „Четири сезони Лос Кабос“ во мексиканскиот Коста Палмас и да трае неколку дена. Целата свадба требало да чини околу 17 милиони евра.

Петра за внечавката, наводно, го изнајмила целото одморалиште, со цел да им обезбеди на гостите колку што е можно поголема приватност.

Сега откажувањето на свадбата исто така ќе ја „удри по џебот“, но цифрата што ќе мора да ја плати е сè уште непозната.

За Петра ова требаше да биде втор брак. Таа шест години беше во брак со контроверзниот бизнисмен Џејмс Стунт. Се разведоа во 2017 година, а имаат три деца. Ќерката Лавина и синовите Ендру и Џејмс.

FOTO: Tviter/Printskrin

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ријана не го остава арапскиот милијардер – уловени во Италија (ФОТО)

saso user

Прогласен победникот на „The Voice“ 16. сезона (ВИДЕО)

saso user

Почина актерката Душица Жегарац

saso user