Балкан

Шумскиот пожар во Рафина ставен под контрола

Под контрола е ставен шумскиот пожар во Рафина, соопштија грчките власти попладнево.

Пожарот избуна во 15.21 часот по локално време во општина Рафина во источниот дел на регионот Атика, во близина на населбите каде што пред точно една година во катастрофалните пожари животот го загубија 102 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Во гаснењето на пожарот учествуваат 101 пожарникар со 48 возила, четири пешадиски тимови, специјални тимови, два авиона и три хеликоптери.

Делумно под контрола е ставен и шумскиот пожар што изби во 15.27 часот по локално време исто така во источниот дел на регионот Атика. Таму интервенираат 13 пожарникари со пет возила.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Дачиќ: Од Палмер не очекувам ништо, од жена му многу!

saso user

Загина 47-годишен пилот при пад на авион кај Зрењанин

saso user

Лидерите на грчките партии ги повикаа граѓаните да гласаат

saso user