Број на текстови објавени денес: 27
Сцена

ФБИ сака да го испраша средниот син на британската кралица: Милијардерот педофил му праќал девојчиња на принцот Ендру ВИДЕО

Неодамнешното апсење на милијардерот Џефри Епстајн (66) на аеродромот во Њујорк поради трговија со малолетнички за пружање сексуални услуги го вклучи алармот и од другата страна на Атлантскиот океан – во Бакингемската палата.

Имено, еден од добрите пријатели на Епстајн е принцот Ендру (59), војвода од Јорк и средниот син на британската кралица Елизабета Втора. Според пишувањето на списанието „Глоуб“, американскиот ФБИ сака да го испраша принцот во врска со случајот кој ја вознемири јавноста имајќи предвид дека милијардерот се дружел со многубројни познати личности (Бил Клинтон, Доналд Трамп, Вуди Ален и други). Британскиот магазин, повикувајќи се анонимни извори, пренесува дека во Бакингемската палата има вонредна состојба.

– Кралицата Елизабета е надвор од себе од бес. Таа се плаши дека овој скандал може жестоко да ѝ наштети на монархијата. Поради тоа размислува и својот втор син да го исфрли од кралското семејство и да му ги ускрати правата и да го лиши од обврските – рекол изворот близок на палатата.

Џефри Епстајн, кој во 2007 година веќе бил осудуван за слични прекршоци, е задржан во притвор и сега му се заканува 45 години затвор. ФБИ верува дека Епстајн најмалку една од своите жртви пратил кај војводата од Јорк поради секс, и тоа во повеќе наврати. Тоа се случило во 2001 година и станува збор Вирџинија Робертс Џуфри (35), која тогаш имала само 15 години.

Вирџинија Робертс Џуфри од Епстајн барала оштета во цивилната парница во 2015 година, но тој случај бил затворен. Сега е повторно отворен.

Министерството за правда на САД покренало внатрешна истрага за да се утврди дали случајот со Џефри Епстајн од 2007 година, кога бил осуден на само 13 месеци затвор, имало пропусти.

Епстајн првпат ја видел Вирџинија во одморалиштето Мар А Лаго, чиј сопственик е Доналд Трамп, а каде работела како помошен персонал.

Таа во сведочењето изјавила дека со принцот Ендру, под притисок на Епстајн, спиела во Лондон, Њујорк и на имотот на милијардерот на Карибите. Бакингемската палата одлучно демантирала дека принцот имал секс со малолетничката.

Германски „Билд“ стапил во контакт со адвокатот Дејвид Бојс, кој ја застапува Вирџинија Робертс Џуфри и кој се сомнева дека правдата ќе биде задоволена.

„Иако ФБИ сака да го испраша принцот Ендру, тој нема да одговори, а тие нема едноставно да одат во палатата и да го приведат. Листата на жртви на Џефри Епстајн не е заклучена и меѓу нив сигурно има уште некои што биле принудувани на секс со принцот Ендру.“

 


FOTO: Profimedia

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Холандија, Русија, Шведска со најголеми шанси за победа на Евровизија

saso user

Пристигнува филмскиот спектакл за Елвис Присли: Еве кој ќе го глуми кралот на рокенролот ФОТО

saso user

Лејн Харди е победник на 17. сезона на „Американски идол“ (ВИДЕО)

saso user