Број на текстови објавени денес: 0
Бизнис

Сугарески: Реализација на гасоводот во Тетовско е 40 отсто

Реализацијата на магистралниот гасовод во реонот на Тетовско достигнува 40 отсто и се очекува брзо напредување поради решените предмети поврзани со експропријацијата, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната посета на Тетовско, каде изврши увид како се одвива обновата на патот до Попова Шапка.

– Изградбата на капитални проекти е врвен приоритет на нашата Влада. Во моментов се работи во сите сфери и во патната инфраструктура и во железничката и во гасоводната. Задоволен сум од динамиката на тоа што се случува со магистралниот гасовод. Динамиката на изградба на гасоводната магистрална мрежа од Скопје до Тетово и Гостивар оди добро. Ланската година беа решени голем број предмети од експропријацијата, што претставуваа сериозен проблем. Овој дел од гасоводот чини 29 милиони евра и реализацијата е околу 40 проценти – рече Сугарески.

Тој истакна дека со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи разговарале и за тоа како оди процедурата за дистрибутивна мрежа во градот.

– Очекуваме наредната година институциите да бидат први кои ќе се приклучат на гасоводот. Се разбира ако општината ги направи нивни работи да можат да бидат приклучени прво институциите, а потоа и домаќинствата во Тетово – рече Сугарески.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Храна на енергија од сонцето ќе се готви на плоштадот во Неготино

saso user

МЖ Инфраструктура прво сертифицирано државно претпријатие за јавни набавки

saso user

Половина милион евра за обнова на метеоролошките и хидролошките станици во Полошко

saso user