Број на текстови објавени денес: 0
Спорт

Роналдо се спаси, повлечено обвинението за силување во хотел во Лас Вегас

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо (34) е ослободен од обвинението за силување на Американката Катрин Мајорга во 2009 година во еден хотел во Лас Вегас.

Мајорга тврдеше дека Роналдо ја нападнал и ја силувал во Лас Вегас во 2009 година кога таа имала 25 години.

Американката во октомври лани го обвини фудбалерот на Јувентус дека на 13 јуни 2009 година ја силувал.

Роналдо во 2010 година ѝ исплати 375.000 за да молчи, но осум години подоцна таа одлучи да го тужи.

Полицијата во Лас Вегас повторно го отвори случајот, а Мајорга ја поднела тужбата на 34 страници. Сега Окружното државно обвинителство во Кларк донесе одлука дека нема да поднесе тужба против Роналдо, бидејќи „тврдењата за сексуалниот напад не можат да се докажат надвор од основано сомневање“.

– Роналдо секогаш тврдеше дека настанот од 2009 година бил природен однос – рекол неговиот адвокат.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Маркез со херојски подвиг и четврта последователна титула во МотоГП

saso user

Тренерот на Лион: Ќе ми биде чест да ме смени Мурињо

saso user

Вардар по петти пат шампион во СЕХА лигата

saso user