Број на текстови објавени денес: 11
Балкан

Повторно пожар во Рафина, каде лани 102 лица го загубија животот

Шумски пожар изби во општина Рафина во источниот дел на регионот Атика, во близина на населбите каде што пред точно една година во катастрофалните пожари животот го загубија 102 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Противпожарната служба на Грција, соопштуваат дека во гаснењето на пожарот учествуваат 47 пожарникари со 20 возила, два пешадиски тимови, два специјални тимови, два авионa и три хеликоптери.

Генералниот секретар за цивилна заштита итно заминал за Рафина.

Паралелно активен е уште еден шумски пожар исто така во источниот дел на регионот Атика. Таму интервенираат 13 пожарникари со пет возила, еден авион и еден хеликоптер.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Бојко на Ципрас: Качи се да те вози Б’лгарин, стави си коланчето (ВИДЕО)

saso user

Во Косово нема веќе игри на среќа

saso user

Тешка сообраќајка во Србија: Татко и ќерка настрадаа на автопатот кон Белград

saso user