Македонија

Обвинение за жената која со секира го уби сопругот

Скопското обвинителство поднесе обвинение за убиство против педесетгодишната жена која го уби својот сопруг во Студеничани.

– Обвинетата на 1 мај во својот дом во Студеничани, при вршење семејно насилство, со умисла го лишила од живот својот сопруг. По претходна расправија, таа ја зела секирата која била во близина и во дворот на семејната куќа  му задала три удари со сечивото на сега починатиот, стои во соопштението на Обвинителството.

Со поднесување на обвинението, јавниот обвинител до судот достави и предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор бидејќи ценеше дека постои опасност од криење и бегство на обвинетата.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Додека се обвинуваат чиј саат доцни, на државата ѝ отиде возот

saso user

Сасоли твитна: Среќен сум што европскиот дух не е скршен во оваа земја

saso user

Пулмологија се поднови со апарати за кислород, бронхоаспиратори, овлажнувачи за заштита од вируси и бактериии

saso user