Свет

Нов топлотен бран ја пржи Западна Европа

Нов топлотен бран со очекувани температури меѓу 37 и 43 Целзиусови степени ја зафатија од денеска северозападна Европа. Се очекува намалување на температурите од петок.

Речиси сите реони на Франција се погодени од горештините, но не се очекува да биде „соборен“ температурниот рекорд од 46 Целзиусови степени од јуни во јужна Франција. Посебно е погоден Париз од новиот топлотен бран – за в четврток се очекуваат температури од 41 степен. Претходниот рекорд од 40,4 степени е од 1947 година.

Високи температури се очекуваат и во Германија. За регионот на Келн се прогнозираат 41 степен, а во провинцијата Сар се очекува да „падне“ рекордот од 2015 година од 40,3 степени.

Поради горештините посебно предупредување за опасно време е објавено во Белгија и во Холандија.

Велика Британија в четврток ја очекуваат во југоисточниот дел 37 Целзиусови степени, што е повеќе од досегашниот рекорд за јули од 36,7 степени и се доближува до апсолутниот температурен рекорд од 38,5 степени од август 2003 година.

Во Италија се очекува топлотен бран и поради тоа Министерството за здравство објави за утре опасност во Перуџа, Торино, Бреша и Болцано, додека „температурен аларм“ за в четврток има и за Џенова, Верона, Болоња, Рим, Пескара, Риети…

ФОТО: EPA / FILIP SINGER

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Русите го избраа Сочи за највесел град

saso user

Германија ја продолжи забраната за продажба на оружје на Саудиска Арабија

saso user

Мексико го стресе земјотрес од 5,4 степени според Рихтер

saso user