Свет

Макрон едвај чека да почне да работи со Борис Џонсон

Францускиот претседател Емануел Макрон му го честита на Борис Џонсон изборот, назначен од активистите на Конзервативната партија за наследник на Тереза ​​Меј, и рече дека е „многу заинтересиран за работа“ со следниот британски премиер, јави дописникот на МИА.

– Топло му честитам на Борис Џонсон и ќе го повикам веднаш штом тој официјално ќе стане премиер, веројатно в среда – рече Емануел Макрон, кој зборуваше пред новинарите заедно со новата претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во претседателската палата во Париз.

– Многу сум заинтересиран да можам брзо да работам со него, не само за европските прашања што се наши и за продолжување на преговорите за Брегзит, туку и за меѓународните прашања кои го сочинуваат нашиот секојдневен живот и врз кои сме тесно координирани со Британците и Германците – додаде тој, наведувајќи го особено Иран.

Макрон со почит се изјасни за премиерката Тереза Меј нагласувајќи дека „таа никогаш не го блокираше функционирањето на Европската унија и во најдобар случај се обиде да им служи на британските интереси“.

Фото: EPA-ANDREJ-CUKIC

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Твитер најави нови правила за политичарите – намалување на видливоста на објавите

saso user

Папата доби нов ,,папамобил“, подарок од Романија (ФОТО)

saso user

Претседателот Видодо бара главниот град на Индонезија да се премести на островот Борнео

saso user