Спорт

Конфликт помеѓу Нејмар и ПСЖ настанал по повредата во јануари

Односот помеѓу Пари Сен Жермен и Нејмар е затегнат, а бразилскиот репрезентативец бара излез од „Парк де Пренс“. Според францускиот весник „Екип“, конфликт меѓу двете страни се појавил и добил големи размери по повредата на Неј Џуниор на 23-ти јануари.

Фудбалерот и неговиот татко инсистирале докторот на бразилскиот национален тим да се грижи за здравјето на играчот.

ПСЖ се обидувал да го убеди играчот да работи со нивниот лекар, но тоа било залудно. На крајот на краиштата, бразилскиот лекар Родриго Ласмар не ја изврши оперативната процедура на најточен начин.

Завртката, што ја поставил за зајакнување на петтата метатарзална коска, се покажалa премногу кратка, и затоа се наметнала втора интервенција, што ефективно го елиминираше Нејмар од игра до крајот на сезоната.

Според ПСЖ, приоритет на Нејмар било да игра на Копа Америка, а не да ги следи целите на парижаните. Нејмар исто така не успеа да игра на Континенталниот турнир поради добиена повреда непосредно пред почетокот на Копа Америка.

ФОТО: EPA / Fernando Bizerra Jr.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Буфон: Играњето со Кристијано е одличен подарок за крајот на мојата кариера

saso user

Нашиот маратонец Поп Ацев третпат се закити со титулата светски шампион

saso user

Ковач: Честитки до Херта, на среќа земаа бод

saso user