Здравје

Имате слаба циркулација?: Со помош на овие намирници ќе ја излекувате полесно од кога и да е

Лошата циркулација е проблем кој ги мачи многумина, а која може да има сериозни последици ако не се третира на правилен начин и ако не се подобри протокот на крвта.

Со оглед на тоа што циркулацијата го овозможува пренесувањето на кислородот и хранливите материи на сите ткива, хранејќи ги на тој начин сите телесни клетки, тогаш јасно е колку слабата циркулација е непријател на вашето тело.

Современиот начин на живот, стресот, долготрајното седење, неадекватната исхрана, пушењето, претераното консумирање алкохол, сите тие се фактори кои можат да доведат до лоша циркулација.

Симптоми
Се развиваат постепено, па понекогаш во најраната фаза се незабележливи. Најпрво се манифестираат грчеви, замор во нозете и стапалата во текот на физичка активност.

По краток одмор болките поминуваат, но веќе во првата прилика се враќаат. Следуваат симптоми кои веќе укажуваат на поодминат стадиум на болеста како што се отекување на нозете, тапа болка во листовите, ладни стапала, промена на бојата на кожата во синкаста или розеникава, како и чести рани на кожата кои не зараснуваат.

Овие симптоми не смеете да ги игнорирате затоа што многу често болеста стапува на во развиен облик кога постои и голем ризик да се задоцниле за нејзиното лекување.

Исхрана
Урамнотежена исхрана е најдобриот пат во постигнувањето на оптималната циркулација.

Се препорачува да јадете што повеќе интегрални житарки, овошје и зеленчук.

Би требало да го ограничите внесувањето на намирниците од животинско потекло кои изобилуваат со заситени масни киселини. Од друга страна, добро е да консумирате мононезаситени (маслиново масло) и полинезаситени масни киселини.

Задолжително мени
Важно е да знаете дека адекватниот внес на омега-3 масните киселини докажано ја поттикнува циркулацијата. Затоа, рибата треба да биде дел од вашето мени.

Освен адекватната исхрана, лекот се крие и во природата. Зачините како рузмарин, кумин, цимет и ѓумбир со векови се познати сојузници во борбата против лошата циркулација.

– Лук – го намалува нивото на холестерол и ризикот од атеросклероза, го регулира крвниот притисок;
– Кромид – Го зголемува протокот на крвта;
– Екстра девствено маслиново масло;
– Црвено вино;
– Зрнесто овошје – изобилува со биоглавоноиди кои ги јакнат крвните садови, особено капиларите;
– Цитрусно овошје – богато е со витамин Ц кој ги зајакнува крвните садови;
– Домат и лубеница;
– Јаткасти плодови – богати се со ниацин, а содржат и благотворни омега-3 масни киселини (посебно оревите).

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Јадете го ова овошје и ќе го намалите високиот крвен притисок

saso user

Згответе го плевелот, направете сируп од јоргованот, сварете си кафе од глуварче

saso user

НИШТО НЕ СЕ ПРОМЕНИЛО: Милиони Американци и понатаму мислат дека чоколадното млеко доаѓа од кафеави крави

saso user