Спорт

Зидан: Не сум го понижил Бејл, тој не сакаше да игра

Една од најдискутираните теми во шпанскиот печат во последно време е очекуваното заминување на до неодамна најскапата аквизиција во историјата на Реал Мадрид, Герет Бејл. Тренерот на „белите“, Зинедин Зидан буквално рече дека се надева дека репрезентативецот на Велс наскоро нема да биде дел од неговиот тим.

Ова предизвика силен одговор од агентот на играчот кој го идентификуваше францускиот стратег како „срам“, а не негираше дека се работи на договор за заминување на Бејл во друг клуб.

Зизу сега одлучи да фрли светлина врз ситуацијата со Бејл.

– Прво, не сум зборувал со непочитување кон никого. Тоа е најмалку што можам да направам со играч од мојот тим. Јас секогаш го кажувам истото и јас стојам зад моите зборови: „За мене, играчите се најважниот дел од тимот и јас секогаш зад нив“. Реков дека клубот се обидува да го продаде Бејл, бидејќи тоа е мојата информација, и Гарет ми кажа дека не сака да игра, бидејќи знае дека клубот сака да го продаде. Но засега тој е играч на Реал, и додека тој го носи белиот дрес, ќе тренира нормално. Ќе видиме што ќе се случи со него – појасни Зидан.

ФОТО: EPA / FERNANDO ALVARADO

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Почнува пријавувањето за „Скопје трча 10К“

saso user

Ангеловски пред мечот со Австрија: Нема да отстапам од нашиот стил на игра

saso user

Де Роси по 18 години ја напушта Рома

saso user