Свет

Еспер ќе биде новиот американски министер за одбрана

Сенатот на САД денеска го потврди назначувањето на Марк Еспер за министер за одбрана, со што заврши седуммесечниот период во кој Пентагон немаше постојан шеф.

Еспер, за кого гласаа 90 сенатори, додека осум беа против, ќе положи заклетва до крајот на денот.

Пентагон беше без шеф откако Џим Мати поднесе оставка минатата година. Потоа, шестмесечен шеф на Пентагон беше заменик-министерот Патрик Шенехан.

Потоа в.д. стана Еспер, но од моментот кога беше номиниран минатата недела, тој мораше да поднесе оставка до потврда во Сенатот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Откриен идентитетот на напаѓачот кој уби соученици на својот 16-ти роденден (ВИДЕО)

saso user

Почина основачот на Хјуман рајтс воч, на 97-годишна возраст

saso user

ЕУ ги одобри подготвителните мерки за Брегзит

saso user