Сцена

Ед Ширан вака го решава проблемот со соседите – искеширал 4 милиони евра!

Соседите се жалеле на бучавата што ја правел, па музичарот Ед Ширан одлучил да ги купи сите имоти што го опкружуваат неговиот.

На тој начин му додал на неговиот имот уште две куќи кои го опкружуваат неговиот имот во Лондон, во вредност од 19,8 милиони фунти. Младиот пејач веќе има 22 имоти во вредност од 47 милиони фунти.

Дваесет и осум годишниот пејач, исто така, го купил и станот кој се наоѓа над неговиот ресторан.

Ед одлучил да го стори тоа откако соседите ја пријавиле журката и громогласната музика што доаѓала од неговиот имот.
– Соседите на Ед се жалеа на гласната музика, па веднаш штом се појави можност, тој ги купи двете куќи покрај неговата во Лондон – рекол извор за магазинот „Сан“.
Магазинот додава дека тоа било мудра инвестиција, а освен тоа, на пејачот веќе нема да има некој да се жали на бучната музика од журките.

Ед, исто така, имал проблеми со несогласувањето на луѓето со јачината на музиката во неговото кафуле, што тој го решил на свој начин – отстранувајќи ја можноста да биде некој во близина кој би можел да се жали.

Проблемите со соседите почнале кога Ширан направил езерце како базен, а околу него поставил еден куп сено за да се заштити од погледот на луѓето.

Имотот на кој тој го сторил тоа не е предвиден за какви било промени на природното живеалиште, а пејачот успеа да добие дозвола езерцето да остане тука доколку во него не постои ништо што би ја загрозило природата.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

„Дизни“ ќе ја бојкотира Џорџија, поради законот што забранува абортус

saso user

Лепа Брена откри како на 58 години е толку згодна: Секоја вечер јадам ист оброк

saso user

Кајли Миног: На 36 години дознав дека имам рак, тогаш немав план да имам деца

saso user